2.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Џуд Белингам ќе паузира најмалку шест седмици

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам ќе паузира најмалку шест седмици откако доживеа повреда на левиот бутен мускул на денешниот натпревар против Рајо Ваљекано (2-1). Ова се првичните прогнози од лекарскиот тим на Кралскиот клуб, иако многу појасна сликата ќе биде во текот на утрешниот ден кога фудбалерот за врска ќе ги мине деталните лекарски прегледи.

Белингам падна на теренот уште во десеттата минута и се фати за задниот дел од мускулот. Беше јасно дека се работи за сериозна повреда.

Беше повлечен од игра, а Алваро Арбелоа на негово место го уфрли Брахим Дијас.

Џуд Белингам ќе го пропушти двомечот против Бенфика во Лигата на шампионите, како и најмалку четири натпревари во шпанската Ла Лига против Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести