Џуд Белингам беше исклучен на мечот против Осасуна (1-1), па Реал Мадрид не успеа да го сочува водството. Критиките беа насочени кон судиите, кои според „кралевите“ и трет натпревар по ред ги оштетуваат.
За исклучувањето јавно се обрати и самиот фудбалер, кој им се извини на соиграчите, но и им се заблагодари на навивачите.
„Многу е кажано за ова недоразбирање, но сега сакам повторно да се извинам што ги оставив моите соиграчи во тешка ситуација. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите за поддршката и разбирањето. Се гледаме во среда.“ – напиша Белингам.
Реал Мадрид во среда го игра реваншот против Манчестер сити од плеј-офот на Лигата на шампионите. „Кралевите“ на првиот меч победија со 3-2 на гостински терен.