Ди Франческо: Нека ме сменат, само Рома да биде четвртфиналист во ЛШ

Еузебио ди Франческо повторно е под притисок, особено по дебаклот од Лацио во градското дерби на Рим, но тренерот на Рома вели дека сè ќе се заборави ако биде елиминиран Порто во Лигата на шампионите.

Римската волчица вечерва од 21 часот на „О`Драгао“ брани предност од 2-1 од првиот меч.

„Воопшто не ми е важно дали ќе бидам сменет, само Рома да успее да се пласира во четвртфиналето. Го знаеме патот, имаме искусни и квалитетни играчи и ако успееме да одиграме концентрирано во дефанзивата, можеме да се најдеме во октетот најдобри екипи во Европа. Ова ќе биде битка на живот или смрт“, изјави тренерот на Рома.

Добри вести за Рома и за Ди Франческо е што Манолас и Заниоло ќе бидат подготвени за настап, а можно е да игра и Пероти.

И во таборот на Порто ситуацијата не е многу поинаква. Популарните „змејови“ се поразени од Бенфика во големото дерби, па сега ривалот е лидер во португалското првенство, а Сержо Консеисао воопшто нема удобна позиција пред реваншот со Рома.

„Мора да победиме, но не мора да брзаме. Рома го има третиот најефикасен напад во Серија А, што повикува на внимание, но ако одиграме според квалитетот што го поседува тимот, можеме да се пласираме во четвртфиналето“, вели Консеисао.

Порто нема победа на последните 6 меча во нокаут-фаза во ЛШ, а билансот е катастрофален само со едно реми и пет порази.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести