За Паоло Ди Канио се вели дека е една од највпечатливите и најконтроверзни личности во италијанскиот фудбал. Поранешниот напаѓач на Милан, Лацио и Вест Хем никогаш не бил од оние што ги ги кажуваат работите во завијана форма, па едноставно неговите ставови секогаш привлекуваат големо внимание. Ди Канио имаше интервју за „Кориере дела Сера“. во кое направи немилосрдна споредба на италијанското првенство со неговата омилена англиска Премиер лига. Ди Канио го започна својот напад од врвот на италијанските клубови
„Нашите претседатели се опкружени со невротични личности кои немаат поим за вредноста на своите тимови“. Според поранешниот централен напаѓач, големите клубови во земјата страдаат од вистинска фудбалска шизофренија, во која размислуваат само врз основа на старата слава, а не според нивната вистинска вредност. Оваа теза беше поткрепена со анализа на деликатната ситуација во која се наоѓа Јувентус: „Велат дека Јуве мора да победи, но како можат да го сторат тоа кога имаат играчи кои би играле во тимови од средината на табелата во странство?“
Former striker Paolo Di Canio argues that Italy need Antonio Conte even more than Pep Guardiola, says Sandro Tonali would be a perfect fit for Inter, and warns: ‘We are getting used to mediocrity.’ pic.twitter.com/3Y10hGGbzK
— Football Italia (@footballitalia) April 10, 2026
Ди Канио го коментираше и неуспехот на репрезентацијата на Италија, која трет пат во низа нема да биде дел од Светското првенство.
„Ни треба некој како Конте, кој веќе знае за што станува збор. Се навикнуваме на просечноста, се огорчуваме и два дена подоцна повторно зборуваме за италијанските играчи како да се најсилни на светот“, рече Ди Канио.

