30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ди Лоренцо му донесе нов триумф на Наполи (Видео)

Лидерот во Серија А, тимот на Наполи, оствари нова победа. Составот на Антонио Конте на домашен терен славеше против Лече со 1-0.

Долго Наполи се мачеше да го отвори резултатот на овој натпревар, Лече се покажа како жилав ривал, но тоа сепак му успеа на капитенот Ди Лоренцо.

Десниот бек во 73-та минута беше најприсебен пред голот на Лече и успеа одбиената топка од голманот Фалконе да ја уфрли во мрежата.

- Оглас -

Најнови вести