Ди Марија е спасителот на ПСЖ, Меси остана на очајната статистика во Лига 1 (ФОТО)

Екипата на ПСЖ со пресврт успеа да го победи Лил со 2:1 во дерби натпреварот од 12. коло од Лига 1.

Парижаните иако останаа без Лео Меси кој беше сменет на полувремето, беа спасени од Анхел Ди Марија кој асистираше за првиот, односно го даде вториот гол.

Гостите поведоа со голот на Џонатан Давид во 31. минута, резултат со кој се замина на полувремето.

Како што напоменавме, Меси на самиот старт од вториот дел беше заменет со Мауро Икарди и со тоа остана на поразителната статистика во Лига 1.

Тој има 15 упатени удари кон противничкиот гол, а се уште да се нема израдувано.

Но, кога го нема Меси, тогаш тука е другиот Аргентинец, Анхел Ди Марија кој најпрвин асистираше за првиот гол на Маркињос во 74. минута, за пред самиот крај (88′) да реализира по една убава двојна акција со Нејмар.

 

 

- Оглас -

Најнови вести