Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија, пред утрешниот дуел од осминафиналоето на Лигата на шампионите на неговиот тим против Манчестер јунајтед, изјави дека заминувањето од премиерлигашот му бил одличен потег.
Аргентинецот беше дел од Манчестер јунајтед во сезоната 2014/2015. Во тоа време, на клупата седеше холандскиот тренер Луј Ван Гал, а беше и најскапо засилување во историјата на клубот со платени 75 милиони евра за него.
„Во Јунајтед бев само една сезона. Тоа не ми беше најдобриот период во мојата кариера. Клубот имаше проблеми со тренерот. Благодарение на Господ, си заминав, и успеав да потпишам за ПСЖ“ – изјави Ди Марија, кој за Манчестер одигра 34 меча и даде четири гола.
Некогашниот играч на Росарио, Бенфика и Реал Мадрид, ќе биде еден од адутите на ПСЖ на гостувањето на „Олд Трафорд“, бидејќи во нивниот тим ќе ги нема Нејмар и Кавани.