Анхел ди Марија и Пол Погба наскоро ќе бидат во Торино и до крајот на оваа седмица ќе потпишат договори со Јувентус.
За Погба, кој се врежа во редовите на Старата дама, веќе е објавено дека ќе допатува во сабота во Торино и ќе ги заврши формалните работи со договорот и пак ќе игра за најтрофејната екипа во Италија.
Францускиот ас повторно од Манчестер јунајтед доаѓа во Јувентус како и првиот пат – без отштета.
Слично ќе биде и со Ди Марија, а Аргентинецот се сели од Пари Сен Жермен во Јувентус, се најавува негово доаѓање до недела, а ќе потпише едногодишен договор со Старата дама како слободен агент и без отштета за ПСЖ.