11.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

Ди Марија и Росарио слават, прогласени се за шампиони на Аргентина

Фудбалерите од Росарио Централ се прогласени за шампиони на Аргентина за 2025 година, откако Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) ги промени правилата и на состанокот одржан во седиштето на АФА, беше одлучено дека титулата шампион ќе ја добие тимот што освоил најмногу бодови оваа календарска 2025 година, односно дека ќе се соберат бодовите освоени и во Апертура и во Клаузура.

Според овој критериум, Росарио Централ е најдобар со 66 бода, четири повеќе од второпласираната Бока Јуниорс. Според старите правила, тимот со најмногу бодови обезбедува само настап во Копа Либертадорес следната година, додека шампионите на Апертурата и Клаузура играа меѓусебе за титулата.

За Росарио Централ, ова е петта шампионска титула на Аргентина, а прва од 1987 година наваму. Анхел Ди Марија ја освои првата титула во родната земја и тоа со матичниот клуб. 

- Оглас -

Најнови вести