Ди Марија има договор со Јувентус, но сега се појави друг гигант

Анхел ди Марија го одработи договорот со Пари Сен Жермен и сега е слободен играч кој може да одбере која ќе биде неговата следна дестинација. Веќе неколку недели се најавува дека аргентинскиот репрезентативец во новата сезона ќе го облече дресот на Јувентус, но засега договорот уште не е официјализиран.

Според дел од медиумите во Шпанија, причина поради која ди Марија уште го нема ставено потписот на договорот со Јувентус е екипата на Барселона. Каталонскиот гигант би сакал да го доведе Ди Марија во своите редови и тоа како замена за Усман Дембеле кој речиси сигурно ќе си замине од „Камп Ноу“.

Во минатото, два пати имаше најава дека Ди Марија може да дојде во Барселона, но тогаш тие обиди беа неуспешни. Сега останува да се види дали ќе има „трета среќа“ за Барселона околу евентуалното доведување на Аргентинецот или сепак Јувентус ќе биде новиот клуб на Ди Марија.

- Оглас -

Најнови вести