32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Ди Марија по 18 години се врати во Розарио, даде гол, а потоа на носилки беше изнесен од теренот (Фото+Видео)

Славниот аргентински фудбалер, Анхел ди Марија, по 18 години повторно се врати во татковината и го одигра првиот меч за својот матичен клуб. Тој дури успеа да постигне и гол во 78-мата минута од пенал за водство од 1-0 на Розарио на првенствениот меч против Годој Круз.

Се изгледаше величенствено, но се до финишот на мечот, кога при еден остар старт, Ди Марија остана да лежи на теренот, па сите на трибините занемеа. Аргентинецот не можеше да го продолжи мечот, па на носилки беше изнесен од теренот, а сега сите се во очекување на лекарските прегледи, кои треба да ја откријат тежината на повредата.

Анхел ди Марија во 2007 година го напушти Росарио и потпиша за Бенфика, во трансфер вреден осум милиони евра. 18 години подоцна од Бенфика се врати дома, во Розарио, а играше и за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус. Освои се што можеше да се освои во светот на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести