36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ди Марија се расплаче откако се врати во матичниот клуб по речиси 20 години играње во Европа (Видео)

Анхел Ди Марија е еден од најдобрите аргентински фудбалери во последните две децении. Офанзивниот играч кој речиси целата кариера ја помина во Европа, сега се врати во својата родна земја и беше промовиран во нов играч на Росарио Централ.

Овој клуб е местото каде Ди Марија ја започна кариерата и тоа пред точно 20 години. Ди Марија дебитираше за Росарио Централ во 2005 година, а во 2007 година си замина од клубот, правејќи трансфер во Бенфика во Португалија.

Потоа следуваше блескавата кариера на Аргентинецот кој играше за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен, Јувентус, за да потоа повторно се врати во Бенфика, а од денеска пак е назад во матичниот тим во Аргентина.

Ди Марија освои многу трофеи како играч на Бенфика, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, а блескаше и во репрезенаттивниот дрес на Аргентина. За Гаучосите одигра 145 меча, а се радуваше на Светската титула од 2022 година, како и на Копа Америка во 2021 и 2024 година.

До пред неколку дена Ди Марија играше за Бенфика на Светското клушско првенство, но отоако португалскиот тим беше елиминиран во осминафиналето од Челзи, Ди Марија се врати во Аргентина, а на денешната промоција не успеа да го задржи солзите и заплаче.

- Оглас -

Најнови вести