Пари Сен Жермен со победа од 2-1 против Рен, го освои суперкупот на Франција. Парижаните губеа по првото полувреме со 0-1, но потоа запнаа со сите сили и направија пресврт. Творци на пресвртот беа Килијан Мбапе и Анхел Ди Марија.
Голот на Аргентинецот во 73-та минута, 12 минути откако влезе во игра, беше вистинска мајсторија од слободен удар.
Во составот на ПСЖ го немаше Нејмар кој гледаше од ложата, а после голот на Ди Марија, сите околу него скокаа од радост, аплаудираа и се смееја, а Бразилецот кој сака да си оди од клубот, многу студено се однесуваше, и делуваше како да му е сеедно.
https://twitter.com/i/status/1157639615655960576