Ди Марија уште не му кажал да на Јувентус, чека понуда од Барселона!

Аргентинецот Анхел Ди Марија има 34 години, но слободен играч е, и за него има доста понуди. Се шпекулира дека првиот асистент во историјата на ПСЖ кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, но сега се појавуваат гласини дека тој повеќе би сакал трансфер во Барселона.

Причината што уште не е официјализиран потписот за Јуве, е што Ди Марија чека конкретна понуда од Барселона. Барса нема пари за плаќање обесштетување, па бара слободни играчи. Ди Марија им е трета опција, доколку не го задржат Дембеле и не го донесат Рафиња од Лидс.

Ди Марија четири години играше за Реал Мадрид, па ако прејде во Барса, тоа нема да мине без реакции од фановите на двата тима.

- Оглас -

Најнови вести