За аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија, синоќешниот меч на Бенфика со Челзи на Светското клупско првенство, беше последен во дресот на европски клуб.
Ди Марија се простува од Европа после 768 одиграни мечеви на Стариот континент во дресовите на Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус. Со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите.
После поразот од Челзи, Ди Марија со солзи во очите го напушташе теренот.
Ел Фидео веќе нема да го гледаме на европските терени, кариерата ќе ја продолжи во Росарио централ, каде и ќе се пензионира. Ако ништо друго, даде гол на својот последен меч за европски клуб.