Ди Марија збесна откако не го повикаа во репрезентацијата

Селекторот на националниот тим на Аргентина, Лионел Скалони, за претстојниот циклус квалификации за СП 2022 не го повика Анхел ди Марија, па фудбалерот на Пари Сен Жермен преку медиумите испрати порака до селекторот. Ди Марија е лут и разочаран што на 32 години се откажале од него, а играчи кои се негови врсници или постари, како Меси, Отаменди и Агуеро, беа повикани.

„Немам логично објаснување, без зборови сум. За мене, аргентинската репрезентација е најважна. Во ПСЖ давам максимум со цел да играм за националниот тим и тешко ми е да разберам зошто не сум повикан. Ќе продолжам да се борам. Многумина мислат дека сум стар, но имам само 32 години, уште можам да трчам како порано, на секој меч покажувам дека можам да бидам на нивото на Нејмар или Мбапе. Ако не ме повикале поради возраста, зошто ги повикаа Меси, Отаменди, Агуеро? Сите тие играат на високо ниво и беа повикани, а јас не“, изјави Ди Марија откако не доби повик за настап на мечевите со Еквадор дома на 8 октомври и со Боливија на гости на 13 октомври.

- Оглас -

Најнови вести