22.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Дијара го раскина договорот со ПСЖ поради енергетски пијалок

ПСЖ спогодбено ја раскина соработката со Ласана Дијара 15 месеци пред завршувањето на неговиот важечки договор. Искусниот Французин повеќе не сака да се занимава со фудбал, причината е што ќе се фокусира на сопствениот бизнис, сака да го рашири брендот на својот енергетски пијалок.

Дијара во Париз пристигна минатото лето како слободен играч, беше поддршка за првотимците Верати и Рабио, но доби шанса вкупно на 19 натпревари. Покрај ПСЖ, Дијара во кариерата настапуваше уште за: Челзи, Арсенал, Реал Мадрид, Марсеј, Портсмут, Анжи и Ал-Џазира, додека Ле Авр му ги отвори вратите во професионалниот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести