Дијата инспиратор на победата на Гостивар против Вардар, Силекс нов лидер на табелата

Денешното 16-то коло од Првата македонска фудбалска лига донесе шест меча од кои ниту еден не заврши нерешено (по три победи на домашните и гостите), а само на два погодуваа играчи од Македонија, додека на другите четири средби голови даваа странци.

Единствен меч со повеќе од два гола беше оној во Кратово, на кој Силекс ја надигра Воска и си ја подобри гол-разликата за преземање на првото место на табелата.

Победија и другите два тима кои имаат еднаков број бодови со Силекс. Шкендија ги израдува своите фанови против Шкупи, навивачката група на тетовскиот тим прослави 32 години од своето постоење, а Гостивар во Скопје беше подобар од Вардар благодарение на Сенегалецот Дијата, кој постигна прекрасен гол за 1-0 и имаше убава акција и асистенција во финишот.

РЕЗУЛТАТИ: Беса 1976 – Брера Струмица 0-1, Шкендија – Шкупи 2-0, Силекс – Воска спорт 4-1, Струга Трим Лум – Пелистер 1-0, Тиквеш – Работнички 0-2, Вардар – Гостивар 0-2.

ТАБЕЛА: Силекс, Шкендија и Гостивар по 33 бода, Работнички 31, Струга 29, Брера 19, Шкупи и Пелистер по 16, Беса 13, Вардар и Воска по 12, Тиквеш 10.

- Оглас -

Најнови вести