Дибала даваше голови, а Роналдо тепаше (Фото)

Има многу фудбалери кои покажувале боречки вештини, но претежно тоа биле дефанзивци наречени „касапи“, а не еден од најдобрите во историјата на овој спорт. Кристијано Роналдо синоќа на дуелот со Локомотив, имаше еден „хај-кик“, од кој би исплашиле и ММА борците.

Јуве со пресврт ги победи Русите, двата гола беа дело на Пауло Дибала, а голманот на Локо, Гиљерме, во првото полувреме ја почувствува цврстината на крампоните на копачките на Роналдо.

При еден корнер за „старата дама“, топката одеше кон Кристијано, голманот ја изби топката, но беше нокаутиран откако прими удар во главата. Роналдо во скок ја крена ногата и ненамерно го удри Гиљерме, а потоа имаше недолична реакција, и гледаше во голманот како сам да се повредил. Судијата Сидиропулис од Грција му прости од Роналдо, не му даде никаков картон, иако за ист старт, Томас Милер лани беше исклучен против Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести