32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Дибала доби повик да се пресели во Премиер лигата

Новиот менаџер на Челзи, Маурисио Покетино, е заинтересиран за фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, објавија англиските медиуми.

Дибала минатото лето, откако му заврши договорот со Јувентус, како слободен играч се пресели во Рома и за тимот од главниот град на Италија одигра 38 натпревари, на кои постигна 18 гола.

Тоа беше доволно за новиот стратег на Сините, Покетино, да побара од управата да тргне по потписот со аргентинскиот репрезентативец, за кого смета дека ќе донесе дополнителен квалитет во битката за трофеите следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести