Дибала е лут на Пирло затоа што го остави на клупата против Кротоне

Пауло Дибала наводно е му лут на тренерот Пирло затоа што го остави на клупата во ремито на Јувентус против Кротоне, кое вчера заврши со конечни 1-1. Аргентинецот неодамна ја надмина повредата, но репрезентативната пауза ја пропушти поради проблеми со дигестивниот систем.

Иако Дибала беше потполно подготвен за настап, Пирло одлучи да го задржи на клупата, а сето тоа го налутило аргентинскиот офанзивец, по што се пожалил на спортскиот директор Фабио Паратичи, од кого очекува ургенции кај Пирло.

Дибала сè уште нема запишано настап за Бјанконерите во новата сезона, а на клубот не му се потребни проблеми од ваков тип ако се знае дека управата долго време преговара со претставниците на фудбалерот околу склучување нов договор.

- Оглас -

Најнови вести