Дибала го изведе најлошиот пенал во кариерата (Видео)

Јувентус со 2:0 славеше на гости кај Салернитана и за првпат по две години спои две победи на гости без примен гол. Старата дама имаше контрола на играта во текот на сите 90 минути. Пауло Дибала и Алваро Мората беа стрелци на погодоците за гостите.

Покрај голот што го даде, Дибала овој меч ќе го памти по промашениот пенал во последните моменти од мечот. Шутот на Дибала заврши високо над голот.

#
- Оглас -

Најнови вести