Дибала го шокира неговиот поранешен клуб Јувентус и најави дека ќе биде принуден да го тужи

Пауло Дибала помина седум години во Јувентус, а кога минатото лето најави дека нема да го продолжи договорот и дека ќе си замине, навивачите му дадоа голема почит за тоа што Аргентинецот го направи во дресот на Старата дама. Дибала имаше опција да замине во Интер, но во последен момент се реши да потпише за Рома до јуни 2025 година.

Иако делуваше дека раскинот на соработката меѓу Дибала и Јувентус беше одличен, сега се покажува дека има проблеми. Фудбалерот откри дека италијанскиот гигант уште му должи 3,7 милиони евра за плати од 2021 година. Дибала воопшто не планира да го прости овој долг и најави дека планира да упати тужба за неговиот поранешен клуб.

Челниците на Јувентус неколку пати побараа Дибала да им ги прости долговите, но фудбалерот е одлучен дека треба да ги добие парите кои чесно ги заработил.

„Јувентус ми должи 3,7 милиони евра за плати од 2021 година. Последниот рок во кој треба да ги уплатат средствата истекува во април. Ако тоа не се случи, моите адвокати ќе мора да покренат тужба иако цело време се обидувам да не дојде до тоа“, откри Дибала, и тоа непосредно пред неделниот дуел меѓу Рома и Јувентус на „Олимпико“ во Рим.

- Оглас -

Најнови вести