Рома продолжува со одлични резултати на домашен терен и стигна до петата победа во седмиот натпревар на „Олимпико“, откако убедливо со 3:1 славеше над Удинезе. Домаќините поведоа со голот на Џанлука Мансини во 20 минута кој погоди со глава по асистенција на Пауло Дибала. Тој погодок може да го видите ТУКА.
На почетокот на вториот дел глстите израмнија на 1:1, резултат со кој се влезе во последните 10 минути. Тогаш домаќините заиграа многу подобро, а тоа беше крунисано со два погодоци. Дибала донесе голема радост за домашните фанови на „Олимпико“ со погодок во 81 минута.
Во 90 минута Римската волчица преку Ел Шарави стигна до триумф од 3:1.