Рома ја доби пријателската средба против Тотенхем со минимални 1-0. Жозе Мурињо си запиша слатка одмазда против премиерлигашот кој пред 15 месеци го отпушти од менаџерското столче.
За тоа помогна и новата ѕвезда на Волчицата, Пауло Дибала, како асистент на единствениот погодок. Аргентинецот го изведе клучниот корнер во 29-тата минута по кој Ибањес како највисок во скокот ја затресе мрежата на Љорис.