Дибала може да заигра и во Премиер лигата

Пауло Дибала најави дека ја игра последната сезона во дресот на Јувентус, но уште не е јасно каде ќе биде неговата следна дестинација. Парите беа главен проблем што Дибала, кој е во Јувентус од 2015 година, нема да остане во Старата дама. Аргентинецот не ја доби посакуваната сума од челниците на Јувентус, па сега се бара клуб кој би можело да ги исполни неговите барања.

Според последните шпекулации, Дибала е најблиску до преселба во Англија. Арсенал и Њукасл се можните следни дестинации на голгетерот, но засега нема официјални понуди.

„Јувентус не му го обнови договорот на Пауло Дибала. Никој не ги оспорува квалитетите на Пауло, но треба да се земат во предвид и сите останати параметри, како и финансиските услови. Лесно ќе беше Јувентус да му даде мала сума на Дибала, но тоа немаше да биде фер кон фудбалерот. Затоа одлучивме да не ја продолжиме соработката“, неодамна изјави извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене.

- Оглас -

Најнови вести