Дибала му кажа „не“ и на Тотенхем

Тотенхем наиде на ќор-сокак во обидот да го ангажира Пауло Дибала во последниот ден од преодниот рок во Премиер лигата. Иако клубот од Лондон постигна договор со италијанскиот првак околу ангажманот на Аргентинецот, самиот фудбалер одби уште една преселба на Островот.

Претставниците на Тотенхем веќе два дена се обидуваа да ги исполнат желбите на Дибала, се шпекулираше и неделна плата од 350.000 фунти, но ниту високата заработка не ја убеди ѕвездата на Јуве да потпише со европскиот вицепрвак.

Дибала претходно го одби и Манчестер јуанјтед, во обидот Црвените ѓаволи да направат размена со Јуве и за услугите на Лукаку, но и тој „дил“ не вроди со плод.

- Оглас -

Најнови вести