Дибала: Му кажав на Роналдо зошто го мразат во Аргентина

Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Пауло Дибала, се наоѓа во родната Аргентина, каде што закрепнува откако беше заразен од Коронавирусот, па даде и едно интервју во кое зборуваше за болеста и за својот однос со најголемата ѕвезда на Јуве, Кристијано Роналдо.

„Кашлав, добив температура, но останав мирен и сталожен и бев во постојана комуникација со лекарите. Сепак, тоа не беше тешка варијанта на Коронавирусот“, рече Дибала.

Аргентинецот при првата средба со Роналдо, му кажал зошто не е омилен во Аргентина, а тоа не е поради фактот дека е децениски ривал на Лионел Меси во битката за титулата најдобар играч на светот.

„Кога се запознавме, му реков: Знаеш ли дека во Аргентина те мразат затоа што така изгледаш, затоа што така одиш, затоа што така живееш, итн. Тој ми одговори: Знам, навикнат сум луѓето да имаат предрасуди за мене“, откри Дибала, кој потврди дека Кристијано е цел на предрасуди и потполно поинаков од тоа како луѓето го замислуваат.

- Оглас -

Најнови вести