32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Дибала налето станува Ѓавол

Управата на Манчестер јунајтед планира во летниот преоден рок да тргне по потписот на фудбалерот на Рома, Пауло Дибала.

Италијанските медиуми пишуваат дека Дибала, кој минатото лето од Јувентус се пресели во Рома, има откупна клаузула само од 12 милиони евра, која му овозможува по завршување на сезоната да ја напушти Италија.

Според новинарот Фабрицио Романо, оваа ситуација сака да ја искористи токму Манчестер јунајтед и за смешна отштета во денешниот фудбал да го ангажира Дибала.

Пауло Дибала сезонава одигра 21 натпревар и постигна 19 гола, а со репрезентацијата на Аргентина триумфира на Светското првенство што се одржа во Катар.

- Оглас -

Најнови вести