Аргентинецот Пауло Дибала по завршувањето на сезонава, ќе го напушти Јувентус и желба му е кариерата да ја продолжи во Манчестер сити. Иако се шпекулираше дека за Дибала се интересираат само италијански тимови, сепак се јавија и Граѓаните, па тоа било мошне привлечно за крилото на Јуве.
Понуда за Дибала има од Интер, но тој не сака да ги налути фановите на Старата дама и преферира преселба во друга лига. Од Премиер лигата интерес за Дибала пројавуваат Тотенхем и Манчестер сити, а фудбалерот еднаш веќе го одби лондонскиот клуб.
Од друга страна, Јуве чека расплет на преговорите на Николо Ѕаниоло со Рома. Ако Ѕаниоло не го продолжи договорот со Волчицата, би можел да се пресели во Јуве како замена за Дибала.