Рома води со 1:0 против Севиља во финалето од Лигата на Европа на „Пушкаш арената“ во Будимпешта. Моментот кој ја направи разликата во првиот дел од финалето се случи во 35-тата минута, кога Пауло Дибала го матира голманот на шпанскиот тим.
По примениот гол, Севиља ја презеде иницијативата, нападна, а најдобрата шанса за израмнување ја имаше Иван Ракитиќ, кој ја погоди статива во 45+6 минута.