Никој не сака ни да чуе за Дибала – Аргентинецот претерува со астрономска плата

Пауло Дибала не попушта со барањето да има годишна плата од 7 милиони евра и тоа може да биде причина Интер да се откаже од трката за ангажман на Аргентинецот.

Иако е слободен агент и за него не треба да му се плати отштета на Јувентус, сепак Дибала е далеку од трансфер во голем европски клуб, а причината е една – превисоките желби на 28-годишниот фудбалер.

Интер беше голем фаворит за потпис со Пауло, но сега според италијанските медиуми, на чекор е од прекин на преговорите бидејќи не сака да му плаќа астрономска годишна плата од 7 милиони евра.

Севилја му нуди три милиони евра по сезона, но Дибала е упорен и ако не се премисли, тешко ќе најде клуб и дури може да си го загрози настапот на Мундијалот во Катар.

Аргентина е еден од фаворитите за титулата на Светското првенство, но по правило, како и сите репрезентации, сакаат да имаат фудбалери што играат во континуитет, што не би било случај со Дибала ако не најде нов клуб ова лето.

 

- Оглас -

Најнови вести