Дибала: Ривер или Бока? Нека има пенали

Пауло Дибала не сакаше да прогнозира кој тим од неговата родна земја ќе го освои трофејот во Копа Либертадорес и посака двата меча да завршат нерешено, па нека одлучуваат пенали.

Фудбалерот на Јувентус нема играно за Бока јуниорс или Ривер плате, па можеби му е сеедно кој ќе триумфира. Кога му беше поставено прашањето, тој молчеше, размислуваше што да каже, бидејќи секој погрешен збор може да биде опасен.

„Немам фаворит. Нека има добар фудбал, нека победи подобриот, хахаха. Еве, нека биде 0-0 и на едниот и на другиот меч“, посака Дибала, кому клупски колега му е Родриго Бентанкур, ексиграч на Бока.

Првиот меч од битката за првак на Јужна Америка се игра утревечер, во 21 часот по македонско време, а домаќин е Бока на славната „Ла Бомбонера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести