Пауло Дибала, по сè изгледа, од наредната сезона нема да го гледаме во дресот на Јувентус. Аргентинецот изразил желба да си замине од тимот на Торино, иако деновиве неговите агенти преговараат со раководството на Старата дама.
За Дибала заинтересирани се Интер и Атлетико Мадрид, коишто ќе се обидат да доведат навистина квалитетен фудбалер за беспари.
Договорот на Аргентинецот со Јуве му истекува на крајот од оваа сезона, а од големиот ривал од Милано тој има многу подобра понуда која изнесува осум милиони евра по сезона, плус бонуси на годишно ниво.
Останува да се види каква ќе биде одлуката на напаѓачот којшто изминативе години се истакна како еден од најдобрите играчи на Јувентус.