Пауло Дибала и минатата сезона се бореше за што е можно поголема шанса да биде на теренот во дресот на Јувентус. Аргентинскиот напаѓач нема да биде прва опција во офанзивниот ред, па поради тоа, Дибала сака да си замине од Торино, иако има активен договор до 2022 година.
За Дибала се интересира Пари Сен Жермен, а самиот играч најавил дека ништо против ако замине во редовите на францускиот првак. Сепак, за да се реализира овој трансфер, потребна е согласност и од Јувентус. Старата дама за да го раскине договорот со играчот кој не им е во прв план, најави дека ќе бара 100 милиони евра оштета.
Аргентинецот дојде во Јувентус во 2015 година од редовите на Палермо, за сума од 40 милиони евра. Досега одигра 182 меча за најтрофејниот клуб во Италија и има постигнато 78 голови, плус 30 асистенции.