Дибала стана десетти стрелец во историјата на Јуве, победата над Сасуоло ја донесе Кен (Видео)

Јувентус триумфираше на гостувањето кај Сасуоло со 2-1 благодарение на погодокот на Мојзе Кен во 88-мата минута.

Сасуоло поведе преку Распадори, а изедначи Дибала. Аргентинецот Дибала со 81 гол за Јуве во Серија А се израмни со Кристијано Роналдо на десеттото место на вечната листа на стрелците кај Старата дама, според првенствени голови.

Со оваа победа, Јуве се зацврсти на четвртото место и сега на четири кола до крајот има само еден бод помалку од третиот Наполи.

Ова е победничкиот гол на Кен:

- Оглас -

Најнови вести