Дибала влезе во вистински момент, Јувентус едвај ја победи Болоња

Паоло Дибала со победнички погодок во 67. минута му донесе три бода на лидерот и актуелен првак Јувентус против Болоња.

Старата дама долго се мачеше да го скрши отпорот на домаќинот и успеа со погодокот на аргентинскиот ас. Дибала влезе во игра како замена за Алекс Сандро во 59. минута и само осум минути подоцна беше прецизен за триумф на фаворитот.

Јувентус по 25 натпревари има 69 бодови и се зацврсти на првото место во Серија А, со 16 бодови пред Наполи, екипа која има и меч помалку.

Болоња е во зоната за испаѓање со само 18 бодови.

- Оглас -

Најнови вести