Дибала замина на операција на коленото

Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, бил подложен на операција на левото колено, известува „Скај Спорт Италија“. Хируршката интервенција била извршена во клиника во Рим, а сè уште не е познато колку време 32-годишниот Аргентинец ќе биде надвор од теренот.

Дибала нема играно од крајот на јануари, но беше на клупата против Јувентус во неделата и се очекуваше да се врати во следните натпревари. На последните тренинзи, сепак, болката во коленото повторно се појавила, а подоцна бил постигнато договор со клубот да се подложи на операција.

Неговиот договор со Рома истекува на крајот од сезоната. Од почетокот на тековната сезона, Дибала одигра 22 натпревари, постигнувајќи три гола и четири асистенции.

Рома во моментот се наоѓа на четвртото место во Серија А со 51 поен, односно 16 зад лидерот Интер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести