Дибала замина во Аргентина и покрај противењето на Јувентус

Аргентинецот Пауло Дибала му се стави на располагање на селекторот Лионел Скалони за претстојните натпревари од квалификациите за СП 2022 и покрај тоа што неговиот клуб Јувентус не сакаше да го ослободи.

Во Јувентус ситуацијата со корона-вирусот не е идеална, има двајца заразени членови на клубот, па и на играчите постојано им се прават тестови. Затоа од клубот не сакаа нивната ѕвезда Дибала да го напушти Торино, но на крајот мораа да дадат дозвола. Засега не се знае дали репрезентативците по нивното враќање ќе треба да седат во карантин.

Дибала од Торино летна кон Барселона, каде што го чекаа Лионел Меси, Лукас Окампос, Маркос Акуња, Николас Отаменди и Хуан Фојт и со приватен авион се упатија кон татковината. Дибала синоќа не играше за Јуве бидејќи гостите од Неапол не допатуваа. Можно е Јувентус мечот да го добие со 3-0, по што Наполи ќе се жали и работата ќе се решава во суд и на зелена маса.

Дибала не сака да ги испушти средбите, а во нападот на Аргентина покрај него и Меси, се уште и Лукас Аларио, Хоакин Кореа, Лаутаро Мартинес, и Џовани Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести