Дибиров е ѕвер, погоди 10 пати, едниот гол е јубилеен 4-илјадити во Лигата на шампионите

Тимур Дибиров играше симултанка против Мотор Запорожје и постигна 10 гола за Вардар во победата од 31:30 на актуелниот европски првак.

Вардар ја забележа и третата победа и со максимален учинок е прв на табелата во Б групата, а Дибиров и неговите соиграчи имаат уште еден повод за славје. Крилото на Вардар го постигна 4-илјадитиот гол за најдобриот тим во Европа во луксузното натпреварување, што „црно-белите“ го освоија двапати во последните три сезони.

И сега Вардар игра шампионски има 3 од 3 пред дербито во Б групата што ќе се игра на 12. октомври во Скопје против германскиот гигант Кил.

- Оглас -

Најнови вести