Дидие Дешан не го заборави Чиро Блажевиќ: Му благодарам што на 19 години ме стави капитен

Хрватска и Франција ќе играат двомеч во четвртфиналето од Лигата на нациите. Првиот меч се игра утре во Сплит, а реваншот е в недела на „Стад де Франс во Париз“. Подобриот од овој двомеч ќе обезбеди место на фајнл-фор завршниот турнир.

Францускиот селектор Дидие Дешан знае дека ги очекува тежок меч на „Пољуд“, но верува во квалитетите на своите избраници.

„Важна ни е Лигата на нациите. Освојувањето на трофејот е една од нашите цели. Ќе направиме сè за да играме на фајнлфор-турнирот. Играчите се многу уморни. Имаат многу згуснат распоред и играат многу мечеви. Но, и Хрватите се во иста ситуација. Сепак, нема да се штедиме и се надевам дека ќе се радуваме по овој двомеч“, рече Дешан.

Интересно е дека Дешан се присети на времето кога тој ја започнуваше играчката кариера. Како тинејџер играше за Нант, а тогаш доби шанса да биде и капитен, благодарение на Мирослав Чиро Блажевиќ.

„Имам многу добри односи со хрватски стратези. Неодамна се сретнав со Игор Турор. Многу го почитував и покојниот Чиро Блажевиќ. Многу сум му благодарен што ме стави да бидам капитен на Нант, а имав само 19 години“, се присети Дешан.

- Оглас -

Најнови вести