Селекторот на Франција, Дидие Дешан, веќе ја договорил својата нова работа. Како што е познато, тој ќе ја напушти клупата на Французите по завршувањето на Светското првенство следната година. Одлуката на Дешан е конечна и ќе стапи на сила без разлика на тоа каков резултат ќе постигне Франција на Мундијалот во 2026 година.
Токму поради таа причина, агентите на Дешан веќе водат преговори со неколку клубови. Сепак, еден тим е фаворит за неговиот потпис и најверојатно многу скоро тој ќе потпише преддоговор.
Станува збор за саудискиот клуб Ал-Итихад, каде што настапуваат француските ѕвезди Н’Голо Канте и Карим Бензема.
Дешан имал разговори и со бразилски клубови, а имаше и шпекулации дека би можело да се врати во Јувентус, но по сѐ изгледа дека тоа нема да се случи.
Неговото место на клупата на францускиот национален тим ќе го преземе Зинедин Зидан.

