Дидие Дрогба со пораз ја заврши кариерата

Натпреварот помеѓу Феникс рајсинг и Лујвил сити од финалето на УСЛ купот во САД беше последен во кариерата за легендарниот напаѓач Дидие Дрогба. Тимот на Феникс, за којшто играше 40-годишниот Дрогба, загуби со 0-1, па тој не успеа кариерата да ја финишира со освојување трофеј.

Дрогба даде три гола на претходните три меча и му помогна на Феникс да дојде до тоа финале, но овојпат не ја погоди целта.

Фудбалерот од Брегот на Слонова Коска најдобро ќе биде запаметен по игрите во дресот на Челзи, стана прв Африканец со 100 гола во Премиер лигата, а настапуваше и за: Ленс, Генгам, Марсеј, Шангај Шенхуа, Галатасарај и Монтреал импакт. Како играч на Челзи, освои четири титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите, во 2012 година.

Кариерата ја заврши со 17 трофеи и 365 гола на 790 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести