Диего Карлос се извади за сите грешки, Лукаку е трагичар со автогол (Видео)

Диего Карлос се извади за сите грешки со извонредна изведба на атрактивни ножички, а трагичар е Ромелу Лукаку, кој си постигна автогол во 74. минута, со кој Севилја води со 3:2 во финалето на Европа Лигата против Интер.

Карлос направи пенал над Лукаку во третата минута од мечот, сега се сменија улогите. Стоперот на Севилја реагираше импресивно, а Белгиецот несреќно го смени правецот на топката и си даде автогол.

Претходно Лукаку погоди за 1:0 за Интер од пенал, па Лук Де Јонг со два гола направи пресврт, а водбудливото прво полувреме што заврши со резултат 2:2 го зачини Диего Годин со четврти гол за 45. минути

- Оглас -

Најнови вести