Поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери, на „Инстаграм“ објави досега невидена снимка од подготовките на лондонскиот тим од 2014 или 2015 година, на која се гледа како во еден ресторан бразилскиот Шпанец Диего Коста боксува со физиотерапевтот Били „Блад“ Мекалог, а во позадина се слуша музиката од филмот „Роки“.
Коста, кој сега е во Атлетико, има чудни движења и стил на боксување, но боксерските ракавици добро му стојат. Му дозволи на противникот да ја преземе иницијативата, а потоа со контра го кутна на земја. Останатите фудбалери или снимаа или паѓаа од смеење.