Диего Коста му се внесе в лице на судијата па доби директен црвен картон (Видео)

Барселона и Атлетико Мадрид играат без погодоци, а гостите треба да се среќни што не губат, бидејќи каталонците имаа неколку шанси за погодок, но не реализираа. Во ситуација кога нема голови, најважниот момент беше тоа што се случи во 28 минута.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста уште еднаш покажа дека неговиот темперамент може да му штети. Во еден момент, Коста тргна кон судијата, му се внесе в лице, а арбитарот Хесус Хил немаше многу толеранција. Веднаш го извади црвенито картон и му го покажа патот кон соблекувалната.

Коста не можеше да се помири со оваа одлука, продолжи да се расправа, а Жерар Пике го смируваше додека го напушташе теренот.

https://youtu.be/1B3lxRuFM1o

- Оглас -

Најнови вести