Диего Коста беше во центарот на вниманието уште пред да започне пријателскиот дуел против Беитар Ерусалим, дуел со кој се затвора сезоната на Атлетико Мадрид. Како и пред секој меч, така и овојпат, пред почетокот, играчите се појавија со мали деца до нив.
Тогаш на сцена стапи Диего Коста. Голгетерот на Атлетико Мадрид, реши да се пошегува со детенцето кое беше покрај неговиот соиграч. Напаѓачот му „продаде“ стара финта, а детенцето збунето гледаше и се чудеше кој го вика, додека останатите си направија добра забава.