Диего Коста цели 15 години играше во европскиот фудбал, а пред неколку дена реши конечно да се врати во родниот Бразил и потпиша за тимот на Атлетико Минеиро. Искусниот голгетер, кој има два настапи за Бразил и дури 24 меча во дресот на шпанската репрезентација, вели дека на теренот воопшто не бира средства за да стигне до победата.
Коста е познат како фудбалер кој знае да избувне на теренот и да се истепа со противнички фудбалери, а вели дека дури и сопствената мајка да му е на спротивната страна нема да има проблем да ја истепа.
„Мојата мајка да биде на теренот во противничкиот тим, ако треба да ја истепам за да победам, ќе го направам тоа. Буквално сè би направил за славење“, рече Коста.