Легендарниот Диего Армандо Марадона ја прифати поканата да биде дел од една хуманитарна акција за помош на сиромашните луѓе во Буенос Аирес. Во видеото кое го сними Марадона, тој апелира што е можно поголем број на луѓе да се приклучат во хуманитарната акција, а на крајот дури пушти и солзи.
„Помогнете им луѓето да јадат. Јас се приклучив да помогнам. Помогнете и вие“, апелира Марадона во видеото снимено за една непрофитна организација. Еден од најдобрите фудбалери во светот донираше пари за тие на кои им е најпотребна финансиска помош.