5.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Диего Симеоне ќе добие отказ во Атлетико Мадрид!?

Според некои најави од Шпанија, Диего Симеоне би можел да добие отказ од Атлетико Мадрид. Аргентинскиот тренер пред крајот на 2011 година беше назначен за тренер на Атлетико и веќе 15 години е на чело на мадридскиот тим.

Со Симеоне на чело, Атлетико освои две титули во шпанското првенство, оставајќи ги зад себе гигантите Барселона и Реал Мадрид. Сепак, според пишувањата на шпански „Спорт“, можно е Симеоне да си замине од клупата и тоа поради затегнатите односи со новиот спортски директор во клубот, Матео Алемани. Актуелниот договор на Симеоне со Атлетико е до јуни 2027 година.

Атлетико синоќа убедливо со 5:0 победи на гости кај Бетис и се пласираше во полуфиналето на Купот на Шпанија. Во првенството на Шпанија, Атлетико е на третото место на табелата со 10 бодови помалку од лидерот Барселона, а денет помалку од Реал Мадрид.

Во Лига на шампиони, Атлетико неочекувано дома загуби од Бодо/Глимт и поради тоа испадна од Топ 8 екипите, па ќе мора да игра во шеснаесетфиналето од елитната лига на УЕФА.

Освен титулите во шпанското првенство, Симеоне два пати ја освои и Лига на Европа, Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, како и две титули во Суперкупот на УЕФА. Два пати играше и во финалето на Лига на шампиони.

Симеоне четири пати беше прогласуван за најдобар тренер во Шпанија. Со Атлетико има 772 меча и биланс од 457 победи, 166 нерешени и 149 порази.

- Оглас -

Најнови вести